Мицкоски – Предлогот за влез во владата со цел промена на името на Македонија е непристоен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на својот фејсбук профил напиша статус во кој наведува дека се измислени неговите наводни барања за амнестија, а предлог за влез во владата е непристоен и надвор од неговите морални принципи.

„Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако премиерот Зоран Заев обелодени дека ѝ понудил на опозицијата да биде дел од Владата за заедно да го „одбработат“ референдумот, но оти партијата го одбила ваквиот предлог, а останала цврсто на барањето за амнестија.

„Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи. Суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие кои што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби“, напиша Мицкоски на Фејсбук.