Спорт

Новото засилување на Венгер ќе ги налути навивачите!

Францускиот стратег Арсен Венгер веќе подолго време е мета на навивачите на Арсенал. Покрај фактот што нема титула веќе долго време, фановите му замеруваат на лошиот избор на засилувања.

Повеќето фудбалер кои Венгер го носи на „Емирати“ се млади таленти или анонимуси од француската или некоја друга лига кои многу големи клубови не би ги донеле во своите редови.

Сепак, Венгер не се откажува од својата тактика па новото засилување може додатно да ги налути фановите, бидејќи Французинот има намета да донесе засилување од седмата англиска лига, Кохен Брамал.

Станува збор за фудбалер кој има 20 години и кој игра на позицијата лев бек. Брамал наводно веќе бил на проба во Арсенал и ги задоволил критериумите на Венгер.

Според тврдењето на англиските медиуми Венгер има намера да му понуди договор на фудбалерот и веднаш да го испрати на позајмица.

To Top