Home Актуелно Ново сценарио: Атина ќе ни дава време да гарантираме дека и дома ќе го користиме новото име!

Ново сценарио: Атина ќе ни дава време да гарантираме дека и дома ќе го користиме новото име!

Атина и Скопје разгледуваат сценарио во кое на Македонија ќе и биде дадено доволно време за да одобри договор со кој ќе гарантира дека новото име ќе го користи “Ерга Омнес” внатрешно и надворешно и дека ќе направи ревизија на својот устав, пишува порталот Експрес.

Ова денеска го објавува весникот Катимерини кој важи за најдобро информиран грчки медиум за спорот за името иако е близок на опозициската Нова Демократија.

Весникот не прецизира дали гаранцијата треба да биде меѓународен договор, референдум или друг вид гаранција ниту дали уставните промени ќе се состојат од еден амандман, промена на насловната страница или менување на стотина членови на Уставот во кои стои името “Република Македонија”.

„Ако навистина сакаме во нашите срца, ќе го завршиме проблемот кој треба да запре”, изјавил Коѕиас во пресрет на денешната средба со македонскиот колега Димитров по самитот “Вишеградска група и Западен Балкан” во Атина.

Извор: Експрес.мк
Фото: Катимерини

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…