Новинарите го изнервираа Анчелоти: „Сериозно ме прашувате за тоа?“


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Реал Мадрид вчера одигра 1-1 на гостувањето кај Шахтер и освои бод кој им обезбеди пласман во осминафинале на Лигата на шампиони на фудбалерите на шпанскиот гигант.

По мечот имаше прес-конференција на која тренерот Карло Анчелоти одговараше на новинарски прашања, а едно од нив беше за Килијан Мбапе, кој повторно кажа дека е незадоволен во Париз.

Мбапе вчера кажал дека не е среќен во Париз и повторно се поврзува со преселба во Реал Мадрид, иако такво нешто тешко би можело да се случи со оглед на предавството кое го направи Французинот минатото лето.

„Сериозно ли ме прашувате тоа? Нема да ви одговорам за Мбапе. Не сум должен да давам одговори на такви прашања“, кажа Анчелоти.