Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Париските градски власти соопштија дека го откажуваат својот традиционален новогодишен огномет додека Европа се подготвува за построги ограничувања за да го намали ширењето на новиот сој на коронавирусот Омрикон.
Шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен предупреди дека Омикрон може да биде доминантен сој во Европа до средината на јануари. Многу земји одлучија повторно да воведат ограничувања за патување и други мерки за ограничување откако минатиот месец овој сој беше откриен во Јужна Африка минатиот месец.
„Во однос на забрзувањето на пандемијата и ризиците поврзани со фестивалите на крајот на годината, властите треба да воведат значителни ограничувања“, соопшти францускиот научен панел.
Париските општински власти објавија дека со жалење дека ќе мора да ги откажат сите свечености планирани на Елисејските полиња на 31 декември.
„Огнометот нема да се одржи, ниту, за жал, ќе има сетови на диџеи“, изјавија од кабинетот на градоначалникот за Франс прес.
Во петокот, Германија ги категоризираше Франција и Данска како зони со висок ризик на ширење на вирусот и најави дека воведува карантин за невакцинираните патници од двете соседни земји.
Данска, која оваа недела имаше највисока стапка на нови инфекции со ковид-19 по глава на жител, рече дека ќе ги затвори кината, театрите и концертните сали и ќе го ограничи работното време на рестораните.
И Швајцарија ги засилува мерките против ковид од понеделник бидејќи земјата се бори со интензивен петти бран на вирусот.
Холандската влада треба да одржи итен состанок во сабота попладне, откако нејзиниот тим од стручни научни советници препорача нови ограничувања.
Иако во државите низ светот забрзано се шири Омикрон сојот на коронавирусот, во Македонија засега не е регистриран ниту еден случај. Се уште доминантен останува Делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата.
Новиот сој Омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство.
Иако овој сој забрзано се шири, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од Делта сојот.