Home Актуелно Нови предлог мерки од Кризниот штаб: Полициски од 23 часот до 5 наутро, угостителските објекти да работат до 22:30 часот

Нови предлог мерки од Кризниот штаб: Полициски од 23 часот до 5 наутро, угостителските објекти да работат до 22:30 часот

Полицискиот час во Македонија да трае од 23 часот до 5 часот наредниот ден, а времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – да биде до 22:30 часот, ѝ предлага на Владата, Главниот координативен кризен штаб. Предлогот е направен врз основа на предлозите на Министерството за здравство.

Предлог-мерките на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда).

Од утре полициски час од 21 часот и отворени летни тераси

Во моментов полицискиот час почнува во 21 часот и трае до 5 часот изутрина, додека терасите на угостителските објекти работат до 20:30 часот.

Во земјата почнува да се намалува притисокот врз болниците, а целосно менување на епидемиолошката состојба се очекува до почетокот на летото, кога би требало да има висок процент на имунизирано население.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…