Нови 30 дена притвор за Орце Камчев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, со решение Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, доби нов 30-дневен притвор, се наведува во соопштението од Судот. Притворот му е продолжен оти постои можност да се крие и да побегне.

Од Судот, информираат дека се работи за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно”, по кој е поднесено обвинение и е во фаза на оценка на обвинителен акт.

Камчев е три месеци во притвор, тој понуди и парична гаранција да се брани од слободна, но Апелација му го одби предлогот.

Обвинение за Плацеви на Водно, определен притвор и за Груевски
Предмет „Плацеви на Водно”се однесува на купувањето и прекривањето на вистинскиот сопственик на трите парцели на Водно преку фирма од Белизе, како и уште еден плац во центарот на Скопје, два стана во главниот град и две парцели во Крушево.

Освен Камчев, обвинети за овој случај се и поранешниот премиер Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисменот Ненад Јосифовиќ, мајката на Камчев, Ратка Куновска Камчева и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.