Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку навечер лежите во креветот со часови и безуспешно се обидувате да заспиете, пробајте ја техниката на американски војник покрај која ќе заспиете за само две минути.
Тајната метода на американскиот војник првпат е опишана во 1981. година во книгата „Опушти се и победи: Победнички настап“.
Оваа метода вклучува свесно опуштање на мускулите и употреба на техника на дишење. Пред се потребно е да ги опуштите мускулите на лицето, вклучувајќи го јазикот, устата и мусклулите околу очите. Потоа спуштете ги рамената што пониско и опуштете ги обете раце. Потоа вдишете, опуштете ги градите и на крајот опуштете ги нозете. Кога ќе го опуштите телото почнете да работите на умот и исчистете го од размислување така што ќе замислите дека лежите во кан во мирно езеро или дека се вплеткани во некоја мрежа во некоја затемнета соба. Доколку тоа не успее, обидетете се себеси да си зборувате: „Не мисли, не мисли. не мисли“.
Индипендент пишува дека оваа метода за спиење може да му помогне на секого по шест недели вежбање да заспие за помалку од две минути. Експертот за спирње и доктор Нели Стенли вели дека за смирување најважен фактор е умот.