Home Шоубизнис Нов трејлер за новиот „Бетмен“ со Роберт Патинсон

Нов трејлер за новиот „Бетмен“ со Роберт Патинсон

Долгоочекуваниот филмски хит во најава со Роберт Патинсон во улогата на Бетмен и Зои Кравиц како Жената-мачка го прикажува Бетмен како се обидува да го победи The Riddler, кој го игра Пол Дано.

Новиот трејлер се фокусира на растечката врска помеѓу Бетмен и Жената-мачка. Трејлерот излезе вчера на официјалниот YouTube канал Warner Bros и е прегледан повеќе од шест милиони пати за само 24 часа.

„Две години следење по улиците, внесување страв во срцата на криминалците, го одведоа Брус Вејн длабоко во сенките на Готам Сити“, се вели во официјалниот синопсис на филмот.

Актерската екипа ги вклучуваат Енди Серкис како Пениворт, Џефри Рајт како Џејмс Гордон од GCPD, Џон Туртуро како Кармин Фалконе, Питер Сарсгард како Готам Д.А. Гил Колсон и Колин Ферел како Освалд Коблпот / Пингвин.

Режисер на филмот е Мет Ривс, кој го напиша и сценариото со Питер Крег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …