Номинирана и за Оскар и за Златна малина: Таа може да биде или најдобрата, или најлошата актерка на годината – а може и двете


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според различните вкусови, Глен Клоуз е најдобрата или најлошата актерка на сезоната. 73-годишната актерка од Конектикат ја заработи својата осма номинација за Оскар за споредна женска улога во филмот „Планинска елегија“ на Нетфликс.

И покрај претходните седум номинации, вклучувајќи ги и оние за Фатална привлечност и Опасни врски, сè уште нема Оскар.

Оваа година таа ќе се бори за престижната златна статуетка со Оливија Колман, Марија Бакалова, Аманда Сејфрид и Јун Јух-јунг.

Но, Клоуз има шанса да освои уште една награда, иако веројатно нема да се пофали со неа.

Таа беше номинирана за Златна малина минатата недела за истата улога во истата категорија.

Ова е трет ваков случај во историјата на двете награди. Џејмс Коко можеше да биде и најдобар и најлош во 1982 година за неговата улога во „Само кога се смеам“ и Ејми Ирвинг две години подоцна за нејзиниот настап во „Јентл“. И во двата случаи сè остана само на номинациите.

Неколку други актери, како Сандра Булок, Мелиса Мекарти, Ума Турман, Алек Болдвин и Еди Редмајн, биле номинирани за Оскари и Малини истата година, но за различни улоги. Булок дури ги освои и двете награди.