Home Актуелно Млад Американец отворил оган во салони за азиска масажа во Атланта – загинати 8 лица

Млад Американец отворил оган во салони за азиска масажа во Атланта – загинати 8 лица

Најмалку 8 загинати е црниот епилог од стравичниот вооружен напад во кој маж вчера отворил оган во два салона за азиска масажа во американскиот град Атланта и во уште еден град во околината.

Полицијата соопшти дека го уапсила 21-годишниот Роберт Лонг, врз основа на снимка од видео надзорот што беше објавена на Фејсбук. Веруваме дека осомничениот Лонг е одговорен за нападите, се вели во соопштението на полицијата.

Јужнокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека негови дипломати во Атланта добиле потврда од полицијата оти 4 убиени жени во нападите се од корејско потекло.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…