Home Спорт Ноле повторно прв на АТП листата

Ноле повторно прв на АТП листата

Со елиминацијата на Данило Медведев пред неколку дена во првите кола на Мастерсот во Индијан Велс, уште тогаш беше јасно дека Русинот ќе ја загуби лидерската позиција на АТП листата и дека неговиот пораз на тронот ќе го врати Новак Ѓоковиќ.

На 21-ви март беше објавен нов поредок на сите тенисери на кој официјално и дефинитивно можеме да видиме кој е повторно на првата позиција.

Промени имаше и во листата на Топ 10 тенисери, бидејќи Рафаел Надал и покрај поразот во финалето на Американскиот мастерс напредуваше за едно место, па сега Александар Зверев е четврти. Андреј Рубљев повеќе не е седми, од овој понеделник е шести. Најголем напредок направи Тејлор Фриц, кој е осми светски рекет после титулата во Индијан Велс.

Новак во машка конкуренција веќе цела година го држи рекордот според бројот на недели (362) како првопласиран на АТП листата, веќе една година го држи рекордот по број на недели во машка конкуренција. Му преостанува да ја надмине само Штефи Граф која го водеше караванот во женска конкуренција 377 седмици.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…