Home Шоубизнис Ноле ова го направи со стил (снимка)

Ноле ова го направи со стил (снимка)

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ знае да направи вистинско шоу на турнирите ширум светот на кои учествува. Така беше и во Австралија.

Новак прво го надигра тенисерот Андреј Рубљев, потоа пееше роденденска песна на терен, за после тоа да ја изненади Барбара Шет пред камерите.

Како и после секој натпревар, Новак дава изјава за „Eurosport“. Тој за време на изјавата која ја даваше за познатата новинарка од Eurosport, Барбара Шет, зборуваше за случувањата од дуелот, објаснуваше одредени детали и после тоа на неколку секунди исчезна од кадарот.

Се врати со букет цвеќе којшто ѝ го подари на Барбара. Станува збор за подарок којшто Новак го добил од еден навивач, а на него пишувало „За Новак“, но Ѓоковиќ испадна вистински џентлмен, зел маркер и ја сменил пораката во „од Новак“. Додека го пишувал тоа, Барбара го прегрнувала и се смеела.

Тоа го коментирале и гостите во студиото, поранешната британска тенисерка Лора Робсон го добила тоа прашање.

Дали некој тенисер досега ѝ подарил цвеќе: Морам да признаам дека не. Ќе треба да разговарам со Барбара, да ми ја открие тајната“, се насмеала Лора.

Ѓоковиќ продолжува да си „поигрува“ со ривалите во Мелбурн, а следниот противник е Томи Пол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …