Славни

Ноле како родител: Оваа работа ретко се прави во домот на семејството Ѓоковиќ

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ неретко искрено и отворено зборува и за неговиот семеен живот и неговата улога како родител, но неодамна Ноле откри дека на децата дома им забранил нешто што според останатите родители треба да е нормална работа (не значи дека е, секако).

Тој откри дека гледањето телевизија е вистинска реткост во нивниот дом.

„Се обидуваме да ги натераме Стефан и Тара да поминуваат што помалку време пред екранот. Имаме ТВ во куќата, но ретко го вклучуваме. Не можеме да го игнорираме фактот дека живееме во дигитална ера. Мислам дека употребата на технологија има многу предности во споредба на животот пред и потоа. На пример, вашето дете можеби ќе заборави да погледне забавна содржина некое време за да заборави на болката од изваден заб, како што беше неодамна случајот со Стефан . Од друга страна, постои опасност од создавање зависност, па бидете внимателни “.

Тој додаде дека наместо тоа, се обидуваат своите деца да ги насочат кон престој во природа.

„Според мое мислење, клучно е да поминувате време на отворено, надвор од дома. Кога сте во затворен простор, ограничени сте со димензиите на просторот и, порано или подоцна, завршувате пред телевизор. Кога сте во природа , таа се грижи за вас”, вели Новак.

Тој открил и дека последниот излет на кој ги однеле децата им останал во прекрасно сеќавање.

„Ги одведовме на фарма, каде што се сретнаа со луѓе кои се господари на нивниот занает. Имаше метлар и жена ткајачка, а домаќинот на речиси седумдесет години беше исклучително витален , па заедно со педесетина деца , ги прошета низ неговата фарма на домашни животни. Децата беа воодушевени “, заклучи Новак.

Advertisements
To Top