Home Шоубизнис Ноле ѝ ја исполни желбата на ќерка си – Тара доби најубав подарок за 8. роденден

Ноле ѝ ја исполни желбата на ќерка си – Тара доби најубав подарок за 8. роденден

Ноле ѝ ја исполни желбата на ќерката, Тара доби најубав подарок за 8. роденден

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на US Open, откако го победи Тејлор Фриц со 3:1 во сетови. Но, натпреварот не му беше лесен бидејќи беше одвоен од својата ќерка Тара токму на денот на нејзиниот 8. роденден.

За тоа колку му е тешко што не е покрај неа, проговори на конференција за медиуми пред мечот:

„Таква е ситуацијата. Не е среќна поради тоа, но немојте сега да ме потсетувате. Ќе се обидам да победам овде и да ѝ ја посветам победата за нејзиниот роденден. Се надевам дека тоа ќе ја направи среќна. Така е оваа година,“ изјави Новак, кој ѝ ја исполни роденденската желба на својата ќерка.

На крајот од мечот, Новак ѝ го посвети победничкиот танц:

„Таа утре ќе ми даде оценка. Каков беше танцот, затоа што ми го покажа како да танцувам. ‘Soda Pop’ е името на песната. Таа е популарна глобално меѓу тинејџери и деца, но јас пред тоа не знаев за неа,” додаде Новак.

Новак не го крие своето слабеење пред малата Тара, која ја нарекува своја мезимица:

„Посензитивен сум на неа, се топам кога ќе ми каже нешто, а таа е мала манипулаторка, ме врти околу малиот прст. Стефан е поинаков. Со него е машки однос, поцврст – го подготвувам за живот, да се носи со себеси и со своето идно семејство,” објасни Ѓоковиќ.

Тара го прослави својот 8. роденден, а нејзиниот брат Стефан наскоро ќе наполни 11 години.

Интересен детаљ од нивните прослави е што на тортите никогаш нема свеќи. Јелена Ѓоковиќ претходно го објасни тоа:

„Сите ние палиме свеќи во косовските манастири и цркви, за живите и за упокоените, за здравје и мир. Свеќата е симбол на несебична жртва – таа согорува за да им даде светлина и сјај на другите. Таа е симбол на животот и просветлувањето, отстранување на стравовите и мрачните мисли од умот и срцето, и потполно предавање на Божјата светлина.”

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Тајсон Фјури во нов документарец открива дека му била дијагностицирана шизофренија

Тајсон Фјури отворено зборува за менталното здравје во нов документарен филм на Нетфликс. …