Ноле, друже, како можеше: Ѓоковиќ на „погрешен Медведев“ му упати честитки на Твитер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После победата со 3:2 во сетови на Рафаел Надал против Данил Медведев во финалето на Австралијан опен, со која Шпанецот стигна до својата рекордна 21. Грен слем титула, на социјалните мрежи се огласи сè светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ со честитки за двајцата.

Ѓоковиќ не успеа да ја брани титулата во Австралија, затоа што не му беше одобрена визата, па Србинот по крајот на турнирот му честиташе на Надал на неверојатниот успех. Притоа направи циркус на социјалните мрежи откако го означи погрешниот профил на Медведев.

Српскиот тенисер означи лажен профил на Русинот, но не го забележа тоа, па беше предмет на исмејување на социјалните мрежи.