Ноќевање од над 7.000 по вечер во преуреден стар авион на Бали


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога ќе се комбинира некој импресивен патувачки објект како воз, или во случајов авион, со дизајнерската креативност, резултатите се секогаш импресивни.

Станува збор за приватен „Боинг 737“ е претворен во луксузна вила за одмор, сместен на врвот на карпест предел близу плажата Њанг-Њанг во Индонезија, поточно на луксузниот остров Бали.

Според многумина, ова е можеби едно од најубавите „пензионирања“ на стар авион досега.

Порано дел од сега веќе непостоечката флота на „Мандела ерлајнс“, овој стар „Боинг“ беше купен од инвеститорот Феликс Демин во 2021 година и пренесен до неговото сегашно место.

Со две спални соби и базен, вилата-авион којашто се наоѓа на 150 метри надморска височина, е достапна и за изнајмување. Цените за ноќевање се над 7.000 долари.