Home Вебкафе Мраморното море кај Истанбул ненадејно се повлече загрижувачки 25 метри (снимка)

Мраморното море кај Истанбул ненадејно се повлече загрижувачки 25 метри (снимка)

Мраморното море на брегот кај Истанбул одеднаш се повлече за 25 метри, што предизвикало загриженост кај жителите. Инжинерскиот факултет во Истанбул го соопштил настанот, велејќи дека повлекувањето на морето не е поврзано со земјотресот што пред повеќе од една недела го погоди југот на земјата.

„Поради центарот со висок притисок кој се наоѓа на запад од Турција, ветерот подолго време дува над Истанбул од север кон југ, односно Мраморното Море.

Според Главната управа за метеорологија, интензитетот на овој ветер е 20 километри на час. Ветерот постојано ја носи површинската морска вода од брегот на Мраморното Море на европската страна на Истанбул кон југ. Поради ова, нивото на водата се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец кон Авчилар, додека нивото се зголемува на јужниот брег на споменатото море“, соопштија од Техничкиот факултет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…