Home Спорт Ништо од трансферот: Кутињо останува во Барселона

Ништо од трансферот: Кутињо останува во Барселона

Веќе подолго време се погласни се шпекулациите дека Филипе Кутињо може да ја напушти Барселона, само една година откако пристигна на „Камп Ноу“.

Бразилецот е најскапо засилување во историјата на Барселона, но не ги оправда очекувањата и го загуби местото во првиот тим.

За него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи, кои се спремни да платат и повеќе од 100 милиони евра, но до трансфер сепак нема да дојде во овој преоден рок.

Управата на Барселона на крајот реши да не го продава 26-годишниот фудбалер и тренерот Ернесто Валверде сака да му даде уште една шанса.

Доколку Кутињо ја искористи, тогаш ќе остане во клубот, но доколку повторно не успее да ги оправда очекувањата, тогаш на лето сигурно ќе замине од Барселона.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…