Home Спорт Недостасува само потпис: Откриени сите детали од новиот договор на Икарди!

Недостасува само потпис: Откриени сите детали од новиот договор на Икарди!

Сагата околу новиот договор на Мауро Икарди е при крај. Италијанските медиуми пренесуваат дека се договорени сите детали и недостасува само потпис.

Двете страни веќе подолго време беа во преговори за нов договор, а сега се чини дека конечно најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

Икарди моментално заработува 4,5 милиони евра по сезона и бараше 100% зголемување на платата, однсоно 9 милиони евра, што Интер не беше спремен да му даде.

На крајот двете страни се договорија за 4-годишен договор според кој Аргентинецот ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Со новиот договор ќе биде избришната откупната клаузула од 110 милиони евра и сега таа ќе изнесува точно 180 милиони евра.

Италијанските медиуми тврдат дека се е договорено и во наредните денови Икарди и официјално ќе стави потпис на новиот договор.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…