Нина „се колне“ дека не знаела за пропаѓањето на Еуростандард банка: „Парите ги повлеков за да купам стан“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако македонскиот дел од социјалните мрежи беше преплавен со реакции на пошироката јавност за случајот со пропаѓањето на Еуростандард банката, со пишана изјава се огласи актуелната министерка за финансии Англеловска која тврди дека не знаела за пропаѓањето на банката и дека дел од парите повлекла за да купи стан.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, преку соопштение ги демантира информациите дека ги повлекла парите од Еуростандард знаејќи дека банката ќе пропадне. Канал 5 побара и изјава од министерката околу гласините во јавноста, но Ангеловска ни одговори дека не е во можност да даде изјава бидејќи патува.

Преку соопштение таа тврди дека уште минатата година половина од депозитите кои ги поседувала ги инвестирала во инвестициски фонд, а пак со другата половина купила стан. Вели дека не е точна ниту сумата која се пласира во јавноста, единствено што е точно е дека имала депозит во Еуростандард.

Во меѓувреме не стивнуваат реакциите во јавноста по затворањето на Еуростандард.Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со обвинувања дека зад пропаѓањето на банката има скриени бизнис мотиви.

„Сопственикот на банката Еуростандард кажа дека било побарано од НБРМ воведување администрација, можност која ја дава Законот за банки и членот 135. Таквиот план според изјава на сопствеништвото на банката бил одбиен од НБРМ, со што уште повеќе се зголемуваат сомнежите дека зад пропаѓањето на банката има скриени бизнис мотиви и на тоа се работело подолг период. Со ова се забрзало пропаѓањето на банката.“

Од Народната банка вчера уверуваа дека сториле се за да ги заштитат депонетите и доверителите на Банката. Тврдат дека преземени биле сите мерки за банката да не стигне до стечај. Најавија и тужба против мнозинскиот акционер во Еуростандард, Трифун Костовски кој се сомнева дека зад пропаѓањето на банката стојат поранешниот Управен одбор на Банката како и НБРМ.

За обвинувањата на Костовски се огласи и Николче Петкоски, поранешниот прв човек на Управниот одбор, кој ги демантира неговите тврдења и тврди дека неосновано бил обвинет како лице кое е одговорно за губење на дозволата на банката. Петкоски го повика Костовски јавно да му се извини, во спротивно најави тужба.

Сомневања дека актуелната министерка ја злоупотревила својата позиција изрази и Петар Гошев, поранешен Гувернер на НБРМ и министер за финансии. Тој смета дека министерката искористувајќи ја својата положба навреме ги повлекла своите пари, бидејќи таа како член на Комитетот за финансиска стабилност, имала увид во состојбата на банката.