Home Шоубизнис Никола Којо разочарано открива: „Ќе се селам од Србија, не планирам да остарам тука“

Никола Којо разочарано открива: „Ќе се селам од Србија, не планирам да остарам тука“

Славниот српски актер и отворен и гласен критичар на актуелната српска владеачка гарнитура, Никола Којо, во интервју за Klix.ba откри дека веќе крои планови за скоро трајно заминување од Србија, каде вели дека не планира да ја дочека староста.

Којо е целосно разочаран од состојбата во неговата земја и вели дека на Балканот владее лудило .

„Некој ќе го нарече титоистичкиот период за диктатура, секако имаше и опасни работи, но никако ниту блиску на ова лудило кое постои сега и се множи во секоја од овие држави. Исклучително е тешко да се врати оптимизмот што постоеше во претходната држава, а ние сме сиромашни луѓе кои живеат од правилата на либералниот капитализам. Мораме да почитуваме сè што почитуваат високоразвиените земји на Европа и светот, а самите ние сè уште сме, на секој можен начин, осакатени и осиромашени “, вели актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nikola kojo (@nikola_kojo_pravi) on

„Ќе ви откријам дека се подготвувам да се отселам одовде, иако имам 52 години и сè уште не можам да зборувам за дестинацијата. Не мислам да ја поминам староста овде, ниту децата да ми растат во една ваква црна дупка што го голта својот народ. Причината е сето ова лудило, беззаконие, анархија, целиот овој говор на политичарите што ни земаат од чиниите, велејќи дека тие создаваат нешто за нас “, заклучи Којо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …