Никој како него: Салах испиша историја во Премиер лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за месец март.

Со ова признание Салах се запиша во историјата на Премиер лигата како единствен фудбалер кој ја освоил оваа награда три пати со ред во една сезона.

Салах ја игра најдобрата сезона во кариерата и е прв стрелец во Премиер лигата со 29 постигнати гола, од кои 6 ги постигна минатиот месец.

Египќанецот постигна по еден гол против Њукасл и Кристал Палас, а четири пати ја тресеше мрежата на Ватфорд, па сосема заслужено ја освои наградата.