Нианг: Срамота, следниот пат нема да шутирам јас!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан синоќа загуби на гостувањето кај Рома со мининални 1:0, а трагичар за „росонерите“ беше Мбаје Нианг кој промаши пенал при резултат 0:0.

Ова е втор пат по ред Нианг да промашува пенал. Откако минатото коло не погоди против Кротоне, синоќа против Рома неговиот шут го осбрани голманот Шчешни.

„Срамота е што повторно промашив. Поминувам низ тежок период. Ја презедов одговорноста и навистина ми е жал што така се заврши. Но, морам да ја подигнам главата. Следмиот пат нема да шутирам јас, ќе му дозволан на Лападула. Тој моментално има поголема самодоверба и заслужува да ги изведува пеналите“, изјави Нианг.