Ни помалку, ни повеќе – рударството ќе го даде првиот трилионер на светот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Но, не било кое рударство, а најмалку она поврзано со експлоатација на природните рудни ресурси кои ги поседува планетата Земја. Станува збор за сосема нова димензија на оваа професија и бизнис.

Секторот што буквално им овозможува незамисливо богатство на оние што се подготвени на тој чекор е, ни помалку ни повеќе, рударството. А првиот светски милијардер што ќе се збогати со рударење (не се мисли на криптовалутите), своето богатство ќе го стекне со ископување руди во вселената, поточно, со екплоатација на рудни ресурси од астероидите, тврди американската инвестициска банка „Голдман Сакс“.

Потврдата дека во оваа работа „лежат“ големи пари доаѓа и од познатиот астрофизичар Нил Деграс Тајсон.

„Постои огромен простор на неограничена енергија и ресурси. Доволно е само да погледнете колку војни се водат заради пристап до ресурсите. А тоа би можело да стане работа на минатото откако вселената еднаш ќе стане нашиот двор“, вели тој.

Тајсон предвидува дека првиот што ќе се збогати со рударење во вселената ќе биде оној што ќе ги искористи ресурсите на астероидите, имајќи предвид дека тие се полни со железо, никел и благородни метали – и тоа во многу поголеми концентрации отколку на Земјата.

Американската вселенска агенција НАСА досега идентификувала повеќе од 12.000 астероиди кои од нашата планета се оддалечени околу 45 милиони километри, а тоа богатство може да биде иднината на добрата заработувачка.

Меѓу првите што го препознаа овој потенцијал е државата Луксембург, која почнала со вложување со цел да прерасне во светски рударски центар. Еден од плановите на оваа мала европска држава е од својот државен буџет да обезбеди 223 милиони долари во раната фаза на финансирање, како поддршка за компаниите што работат на проекти на вселенско рударство, како и да оствари соработка со две водечки компании во тој сектор, „Deep Space Industries“ и „Planetary Resources“.