Незгодна женска – видео од 13,3 милиони прегледи на Твитер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Љубовен пар, дечко и девојка, седат на клупа, а некој отстрана ги снима – видеото стана вистински вирален хит на Твитер и останатите социјални мрежи каде се споделува со неверојатна брзина поради содржината на истото и достигна бројка од над 13,3 милиони прегледи.

Додека седеле заедно на клупа во парк, девојката одеднаш го турнала мобилниот телефон пред момчето. Тој почна да ја одбегнува, а таа постојано го турка неговиот мобилен пред лицето. Таа сакала да го отклучи неговиот мобилен телефон преку идентификација на лицето.

Со оглед на тоа колку момчето се борело против тоа, очигледно имал добра причина што решила да не го проверува.

„Мислев дека е нападнат со солзавец , а таа само се обидува да го отклучи мобилниот телефон“, коментира еден човек на Твитер.

Таа успеала во својот план. Во еден момент, девојката го турна на грб, го сруши на земја и го отклучи мобилниот телефон. Додека таа викаше „да“, тој остана поразен да лежи на земја. Ова видео досега е видено 13,3 милиони пати.