НЕВЕРОЈАТНО: Шест од 10-те најплатени фудбалери играат во Кина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последните години сме сведоци како Кинезите трошат „луди“ суми на трансфери на фудбалери.

Поради тоа се поголем број на фудбалски ѕвезди се одлучуваат кариерата да ја продолжат во Кина. Тој пат ќе го следи и Хавиер Маскерано кој од Барселона ќе се пресели во Хабеи каде ќе заработува 19 милиони евра по сезона.

Иако звучи неверојатно, со трансферот на Маскерано, во Кина ќе играат шест од 10-те најплатени фудбалери во светот.

Од Топ 10 најплатени фудбалери во светот, само четворица играат во Европа и тоа: Меси, Нејмар, Кристиано Роналдо и Бејл.

Најплатените фудбалери во светот:
1. Тевез – 40 милиони евра
2. Лионел Меси – 40 милиони евра
3. Нејмар – 30 милиони евра
4. Оскар – 24 милиони
5. Роналдо – 21 милион
6. Хулк – 20 милиони
7. Маскерано – 19 милиониж
8. Аксел Витсел – 18 милиони
9. Пеле – 16 милиони
10. Герет Бејл – 15 милиони евра