НЕВЕРОЈАТНО: Салах доби преку милион гласови на изборите во Египет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На почетокот на оваа недела беа одржани претседателски избори во Египет, а убедлива победа однесе Абдел Фатих ал-Сиси. Но, по се изгледа Египѓаните на тоа место го сакаат Мохамед Салах.

Салах игра фантастична сезона во Ливерпул, го однесе Египет на Светското пренство во Русија и е главен кандидат да биде избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата.

Салах откако го однесе Египет на Мундијал после скоро 30 години стана икона во својата држава, а колку е популарен покажаа и последните избори. Имено, фудбалерот на Ливерпул на изборите доби преку милион „гласови“.

Граѓаните на Египет можеа да гласаат за Фатих ал-Сиси и Мустафа Муса, но преку милион граѓани го дадоа својот глас токму за Салах, така што сами го допишале фудбалерот на гласачкото ливче.