Home Спорт Неверојатна изјава на Венгер после бруката во Минхен!

Неверојатна изјава на Венгер после бруката во Минхен!

Деновите на Арсен Венгер на клупата на Арсенал веројатно се одброени, бидејќи Французинот е одамна мета на критики, а синоќешниот дебакл може само да ја прелие чашата на незадоволство кај „топџиите“.

После мечот Венгер немаше објаснување за тоталниот распад на системот на неговиот тим, па истакна дека неговиот тим немал среќа со одредени судиски одлуки.

„Ова беше луден натпревар, тешко е да се објасни. Одигравме добро во првото полувреме, а при резултат 1:1 имавме две добри шанси да постигнеме уште еден гол. Неваме среќа со вториот гол, бидејќи судијата најпро дусиди корнер за нас, па ја промени одлуката“, изјави Венгер.

„После тоа се распаднавме. Последните 25 минути беа ноќна мора за нас. Сепак, морам да признаам дека тие се генерално подобар тим од нас. Не барам изговори, ова е шок за сите нас“, додаде искусниот стратег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…