Несторовски: Сакам да бидам најдобар стрелец, Инзаги е мојот идол!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец одлично ја започна сезоната во Палермо, па во интервју за италијанските медиуми истакна дека неговиот сон е да биде најдобар стрелец во Серија А.

Во разговор со Скај Спорт, Несторовски открива дека токму Пипо Инзаги му бил еден од идолите, но вели дека се уште е рано да се споредува со него.

„Доколку треба да одберам играч кој ми е инспирација, би рекол Пипо Инзаги. Учам од неговите движења, од неговите голови, но искрено многу сум далеку од неговото ниво. Ми се допаѓа тоа што луѓето мислат дека сум симбол на Палермо, но јас мислам дека групата и тимот треба да се издвојат, а не поединец. На пример во Џенова постигнавме четири гола, јас не бев стрелец, но тимот перфектно функционираше“, истакна Несторовски.

„На почетокот малку знаев италијански па не ги разбирав критиките. Најдобар начин е да им се одговори долу на теренот. Јас сум својот најголем критичар, знам кога сум одиграл лошо и го признавам тоа. Напорна работа и постигнување погодоци, тоа е мојот начин да им одговорам на оние кои не веруваат во мене. Се надевам дека оставив позитивен белег во Серија А. Секогаш се трудам да го дадам максимумот, иако понекогаш и тоа не е доволно“, додаде Македонецот и на крајот проговори за својата иднина.

„Мојата иднина ја гледам тука во Палермо, но со борба за други цели, а не за опстанок во Серија А. Како ме нарекуваат соиграчите? Мајсторе, така често ми викаат“.