Несторовски наскоро ќе биде капитен на Палермо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Палермо, Маурицио Зампарини најави дека во иднина македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе биде капитен на тимот од Сицилија.

Македонецот се покажа како одлично засилување за Палермо и за кратко време се промовираше како главен играч на калчолигашот.

Несторовски иако е прв стрелец на тимот во Џенова со две асистенции му помогна на Палермо да направи голем пресврт и да победи со 4:3.

„Во Џенова се случи една од најубавите работи во фудбалот. Богот на фудбалот ни намигна овој пат. Мора да бидеме задоволни, затоа што имаме доста повредени играчи и се мачиме во одбраната. За нас битката за опстанок почнува сега, се бркаме со Пескара и Емполи и имаме меѓусебни мечеви“.

„Џенова беше важен сигнал за моите фудбалери. Во Фиренца загубивме на крајот, но денес, успеавме да победиме во финишот, тоа е фудбалот. Мојот Несторовски беше одличен. Неговата вредност на трансфер пазарот вртоглаво рипна, еден ден, тој ќе биде капитен на Палермо“, изјави Зампарини.