Непроценливо вредна колекција од 300 автомобили


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На YouTube беше претставена една од најголемите и најзначајни автомобилски колекции сочинета од околу 300 примероци од значајно непроценлива вредност.

Деталите за колекцијата се ограничени, но серијалот на YouTube почна претходно месецов со информација дека колекцијата ја почнал некој кој собирал автомобили во доцните 1970-ти. Се додава дека „повеќето не се мрднати, измиени па дури ни видени повеќе од 30 години“.

По објавувањето на првото видео, чија главна ѕвезда е Bizzarrini P538 кој вредносно чини околу 1 милион долари, обожавателите побарале да го видат остатокот од колекцијата.

Сега може да ѕирнеме дел од другите возила. Колекцијата е огромна и тешко е да се процени колку поради непрегледните редици автомобили.

Има голем број ретки или значајни американски автомобили, но има и ферарија, поршиња, како и Lamborghini LM 002 кој му припаѓал на Николас Кејџ.

Во видеото се истакнува дека ова е само чепнување на површината и дека е еден од трите објекти во кои се чува колекцијата. Што значи, има уште еден куп модели допрва да се откријат.