Необичен некролог: На погреб наместо цвеќе, носете голови од Роналдо! (фото)


Викендов дерби, до дерби - се враќа клубскиот фудбал! ↓↓↓



Навивачот на Јувентус, Марио Серафини почина вчера во 77-та година од животот, а неговиот погреб ќе се одржи во сабота.

Како што е вообичаено некролозите за неговиот погреб се залепени во неговиот град Лука во Тоскана со цел на познаниците да им се соопшти неговата смрт.

Неговото семејство ја објави тажната вест, но постави и необична порака на некрологот.

„Неместо цвеќе, носете голови од Роналдо“.

Станува збор за иницијатива на семејството наместо цвеќе парите да се уплатат во добротворни цели.