Вебкафе

Нема ВАР? Никаков проблем – тука е мобилниот

Технологијата ВАР очекувано донесе револуција во светот на фудбалот, пишува Спортски.мк.

Интересни сцени ни пристигнуваат од Малезија, од натпреварот помеѓу Борнео и Мадура каде гостинските фудбалери користеа мобилен телефон да го убедат судијата да ја исправи грешката.

При резултат 1:0 на самиот крај од натпреварот беше досуден пенал за домашната екипа.

Играчите на гостинската екипата тоа не го прифатија па натпреварот поради протест од играчите беше прекината осум минути.

После тоа играчите зедоа телефон и се обидуваа судијата да го убедат дека погрешил, меѓутоа тој не ја промени одлуката.

На крајот пеналот беше изведен во 104. минута, а за победа погоди Бару.

Advertisements
To Top