Home Актуелно Нема крај на собраниската сага: Петто продолжение на конститутивната седница

Нема крај на собраниската сага: Петто продолжение на конститутивната седница

Пратениците се на кратка пауза, откако по предлог на пратеникот Крсто Мукоски, претседавачот со седницата, Трајко Вељаноски, ги повика на десетминутна средба претставниците на политичките партии, во обид да се внесе конструктивност во собраниската сала.

Инаку, албанската платформа и денеска е главната тема на расправата меѓу пратениците. И покрај бројните координации меѓу пратениците, засега не се гледа крајот на дискусиите, репликите, контрарепликите и процедуралните забелешки.

Пратениците на ВМРО ДПНЕ упорно бараат платформата да се отфрли или да се каже што е прифатено и со тоа да се излезе на избори. Наспроти нив, пратениците на СДСМ и ДУИ велат дека барањата од платформата немаат никаква врска со загрозување на унитарноста на државата и оти унапредувањето на употребата на албанскиот јазик не водело кон федерализација на државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…