Нема да ви се верува каков украден плен пренесува на покривот од „Твингото“ (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полициската патрола во холаднскиот град Лелистад, на почетокот од август, запре автомобил Renault Twingo кој на покривот пренесуваше бизарен товар.

Сопственикот на „Твингото“ решил дека количето нема да има проблем ако со него пренесе не една, туку две челични бандери од уличното осветлување. За ситуацијата да биде уште побизарна, превозот на несоодветен товар за таков автомобил не е единствената причина поради која сопственикот ќе лежи и во затвор.

Во моментот кога бил запрен, било утврдено дека типот кој го управувал автомобилот со бандерите има возачка дозвола со истечен рок на важење уште пред една година. „Твингото“ било технички неисправно и нерегистрирано. Освен тоа, возачот одбил да направи алкотест, а дополнително било утврдено дека на блиската бензиска станица наполнил гориво и побегнал без да плати. А да, и бандерите биле украдени.

Локалната полиција дополнително извести дека газдата на количето, после испрашувањето, ги признал сите прекршоци, но и криминални дела. Автомобилот му е одземен, а тој моментално се наоѓа во затвор. Единствено остана неразјаснето како успеал ваков товар да го смести на покривот од малото „Твинго“.