Home Актуелно Неколку големи светски банки дозволувале трансфери на „валкани“ пари

Неколку големи светски банки дозволувале трансфери на „валкани“ пари

Документи кои протекоа во јавноста откриваат дека некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари.

Според Би-Би-Си, документите покажуваат како руските олигарси ги користеле банките за да избегнат санкции, кои требало да ги спречат да префрлаат пари на Запад.

Ова е последното во низата протекувања во изминатите пет години, кои обелоденија тајни зделки, перење пари и финансиски криминал.

Таканаречените „датотеки ФинЦен (FinCEN)“ содржат повеќе од 2.500 документи за трансакции што банките ги испратиле до американските власти во периодот од 2000 до 2017 година. Во документите, наводно, се најстрого чуваните тајни што ги користеле банките за да пријават сомнително однесување, но не биле доказ за сторено кривично дело.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…