Денеска сите живееме со брзо темпо на живот, постојано сме зафатени и не е чудно што голем број луѓе се под стрес.
Среќа, постои начин да се ослободиме од стресот, благодарение на Мајката Природа. Всушност, неодамнешни истражувања спроведени на Универзитетот Беркли во Калифорнија, поддржани од страна на Би-Би-Си, утврдија дека гледањето на видеа од природата може да го намали стресот и да го зголеми чувството на радост и среќа.
Во истражувањето учествуваа повеќе од 7.500 луѓе од Америка, Велика Британија, Сингапур, Индија, Јужна Африка и Австралија. Истражувачите го надгледувале нивното однесување пред и по гледањето на делови од документарниот филм „Планета Земја II“, по популарните ТВ драми и најновите вести. Учесниците гледале вкупно пет видеа, две со природа, едно со вести и едно со популарна драма. Секое видео траеше од 1 до 3 минути.
Генерално, кај луѓето било забележано зголемување на позитивните емоции по видеото „Планета Земја II“, и натрупување на негативни по драмите и најновите вести.
Истражувањето покажува силна врска меѓу природата и емоционалната благосостојба. Некои претходни студии покажале дека времето поминато во природа може да ги намали симптомите на депресија.
Иако ова истражување се фокусира на гледањето на видеото „Планета Земја II“, сосема е можно да се постигне ист ефект и со други видеа на тема природа. Вреди да се проба, се согласувате?
Погледнете кратки видео снимки кои ќе ве смируваат и ќе ве ослободуваат од стрес.