Од Германија екстрадиран и третиот осомничен за убиството на Саздо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од германскиот затвор во Хамбург со авион во истражниот затвор Шутка, после цели две години бегство и 10 месеци минати во екстрадиоционен пртивор во Германија, беше екстрадиран третиот соучесник осомничен за смртта на навивачот Саздо.

Во пет часот изутрина, на ародромот во Скопје, македонската и  германската полиција си го размнија бегалецот од правдата 21-годишниот Јетон Лужа, потврди МВР, а обвинителството подготвува барање за него за да го задржи зад решетки.

Јавното обвинителство потерницата за Лужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени. Тогаш осумнаесетгодишниот Лужа избега од органите на прогонот, се сокрил во Германија, а по една година криење падна во раце на полицијата во Хамбург, каде мина 10 месеци во екстрадициоен притвор. Во наредните 48 часа надлежниот обвинител во Скопје е должен да бара мерка за Лужа, а тој да биде изведен пред судија на претходна постапка, вели одбраната на Лужа.

Лужа е третоосомничен за убиствотo на навивачот Никола Саздовски. Им се судеше само на Бесир Беља и Скендер Демири, кои добија по 19 години затвор за свирепо убиство. Според Кривичниот суд, обвинетите кои дејствувале заедно се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Од ударите Саздо западна во кома, и по една недела почина во Ургентниот центар.