Некои експерти тврдат дека хартиените ќеси се поштетни за животната средина и од пластичните


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хартиените ќеси се релативно добра алтернатива за пластичните кои веќе пополека се исфрлаат од употреба кај нас. Особено се згодни за пакување овошје и зеленчук во продавница. Се прават од рециклирана хартија и биоразградливи се.

Сепак, некои експерти тврдат дека, освен поизразените својства за можност за рециклирање, нивното влијание врз животната средина може да биде и полошо од пластичните ќеси.

Пред сѐ, потребни се повеќе материјали за да се произведе издржлива хартиена ќеса. Ова подразбира хемиски третирани влакна. Покрај тоа, за производството на целулоза треба повеќе енергија и вода.

Поради овие причини, ќесата за еднократна употреба, од свежи хартиени влакна, треба да се користи најмалку трипати почесто од пластична ќеса за да се избалансира климатското влијание, пишува порталот „Глас Истре“.

Покрај тоа, некои познавачи велат дека многу производители сè уште користат пластична или алуминиумска фолија залепена внатре за да спречи кинење на хартијата кога ќе дојде во допир со влага. Ваквата обработена хартија е проблем, бидејќи тешко да рециклира.

Германското Федерално министерство за животна средина, исто така, ги оценува хартиените ќеси како „не многу подобри од пластичните ќеси за еднократна употреба“. Сè на сè, доколку се користат хартиени ќеси, задолжително е да се употребуваат неколкупати, советуваат од Министерството.

Околу алтернативите, според наводите, полиестерските мрежи за овошје и зеленчук за повеќекратна употреба се на врвот на скалата на одржливост.