Помалку од 50% од Бугарите ја поддржуваат тврдата политика на официјална Софија кон Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бугарското општество ја намалува поддршката за тврдиот пристап на официјална Софија во односите со Македонија и сега 49 отсто од Бугарите се за придржување кон таа политика, покажува испитувањето на јавното мислење спроведено од „Алфа рисрч“ во периодот од 6 до 14 февруари.

Според резултатите од анкетата, одговарајќи на прашањето: „Која од двете позиции ја поддржувате – објавениот нов, подијалошки и флексибилен пристап на Бугарија кон Северна Македонија, или претходната потврда позиција?“, новиот пофлексибилен пристап во преговорите со Скопје на владата на Кирил Петков го поддржуваат 31 отсто, а 20 отсто не можат да проценат.

Агенцијата наведува дека истражувањето покажало оти по ова прашање тенките црвени линии минуваат не само меѓу коалициските партнери, туку и кај нивните поддржувачи. Со исклучок на Демократска Бугарија, поддржувачите на сите партии во владејачката коалиција, вклучувајќи ги и оние на „Продолжуваме со промената“ на премиерот Петков го претпочитаат досегашниот тврд пристап. Но, според агенцијата, тоа не значи дека новиот пристап е осуден на неуспех, туку ја потврдува старата максима – не е доволно да се каже, важно е да се убеди.

Инаку, претходно во анкетите, особено во времето на владата на Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, поддршката за тврдиот пристап изнесуваше и до 80 отсто.