Home Спорт Нејмар со овој потег додатно ги разлути фановите на Барса

Нејмар со овој потег додатно ги разлути фановите на Барса

Шпанските медиуми пренесуваат дека Нејмар го советувал соиграчот од бразилската репрезентација Фелипе Кутињо да не оди во Барселона.

Нејмар пред три недели ја напушти Барселона и за рекорден трансфер од 222 милиони евра се пресели во ПСЖ. Каталонскиот клуб по заминувањето на Нејмар тргна токму по Кутињо, кој во клубот е означен како наследник на најскапито играч во светот.

„Нема да ти биде жал што Ливерпул те држи подалеку од нив“, наводно му рекол Нејмар на Кутињо.

Каталонците досега испратија три понуди, последната 150 милиони евра, до Ливерпул за Кутињо, но раководството и сосптвениците на клубот од „Енфилд“ ги отфрли понудите со порака дека Кутињо не е на продажба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…