Home Актуелно Шестмина застрелани во библиотека во Њу Мексико

Шестмина застрелани во библиотека во Њу Мексико

Вооружен напаѓач влегол во библиотеката во градот Кловис, во американската сојузна држава Њу Мексико, а според извештаите на локалните медиуми застрелел шест лица.

Одредени медиуми јавија дека напаѓачот е уапсен, но засега нема потврда за оваа информација, јавува Макфакс.

Мотивите за нападот не се познати.

Локалните медиуми објавија дека непозмат маж влегол во библиотеката во Кловис и започнал да пука во луѓето. Одредени медиуми тврдат дека загинале шест лица, додека други медиуми објавија дека смртно страдале најмалку две лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…