Home Спорт Нејмар му пријде на Фирмињо после мечот: Англичаните веднаш преведоа што му рече!

Нејмар му пријде на Фирмињо после мечот: Англичаните веднаш преведоа што му рече!

Ливерпул синоќа во дербито на колото во Лига на шампиони го победи ПСЖ со 3:2, а херој за „црвените“ беше Роберто Фирмињо.

Токму Фирмињо беше тој кој предизвика најголем интерес кај новинарите после мечот, а во моментот кога даваше изјава му пријде Нејмар.

Англиските медиуми веднаш преведоа што му кажа Нејмар на својот сонародник.

„Честитам, одигра фантастично. Ќе позборуваме подоцна“, му рече Нејмар.

Фирмињо мечот го започна од клупата поради проблеми со окото, но му донесе победа на својот тим во судиското продолжение.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…