Home Шоубизнис Не заборави од каде потекнува: Ребиќ на цело село им ги отплати кредитите

Не заборави од каде потекнува: Ребиќ на цело село им ги отплати кредитите

Имотска краина е горда на Анте Ребиќ, кој првите чекори ги направи во Доњи Вињани. Целата област „гори“, се спрема за незапаметен и незаборавен пречек. Покрај патот за Вињани се поставени плакати со неговиот лик.

Сето тоа е апсолутно заслужено оддавање почит и внимание, бидејќи Ребиќ е вистинска атракција на Светското првенство кое денес, со финалниот дуел меѓу Хрватска и Франција, доаѓа до својот крај. Играчот кој донеодамна беше „трета лига“ денес вреди 50 милиони евра.

Но, во Имотска краина знаат дека парите нема да го сменат карактерот на Ребиќ. Веќе доби порака да не се троши многу физички во финалето, бидејќи идната недела го чека турнир со били во Руновиќи.

Најдобриот пријател на Ребиќ, Лоро Шиндик, со кој некогаш играше во Сплит и во младите селекции на Хрватска, за австрискиот весник Heute раскажа колку Анте е поврзан со родниот крај.

„Тоа е мало место, недалеку од Сплит. Анте си замина оттаму на 19 години во Италија, но не заборави од каде потекнува. На сите во селото им ги платите кредитните задолжувања, таму живеат околу 500 луѓе“, открива Шиндик за гестот за кој на големо се раскажува во Хрватска.

„Хрватска со ваква срчна игра може апсолутно сè, одиме до крај“, додава најдобриот пријател на Ребиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …