Home Актуелно „Пали“ ли Нејмар: Запленети 823 килограми кокаин со логото на бразилската ѕвезда?!

„Пали“ ли Нејмар: Запленети 823 килограми кокаин со логото на бразилската ѕвезда?!

Полицијата во Гватемала неодамна запленија 823 килограми кокаин.

Во акцијата се уапсени и три Колумбијци, успешен ден за органите на редот и власта во Гватемала, но оваа приказна доби нова дименија поради еден интересен детал.

Имено, на пакетите на споменатиот наркотик се наоѓаше слика од ѕвездата на ПСЖ и репрезентативецот на Бразил, Нејмар.

Фотографијата со запленетиот кокаин, на кој се најдоа сликите од Нејмар го обиколија светот.

„Наркотиците“ имено, дојдоа до идеја сликата на Нејмар да ја залепат на својот продукт, за да се разликуваат на пазарот, ова суштински беше нивни маркетиншки потез, очигледно веруваа дека сликата на Нејмар би ги убедила купците дека нивниот производ е квалитетен, но за цела среќа не успеаа да го извадат на пазарот.

Ова не е прв случај нарко карттелите да користат славен фудбалер за да ја подобрат продажбата на наркотиците, своевремено во Перу беше запленет околу еден тон и половина кокаин со сликата на Лео Меси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…