Home Спорт Не му ја обновуваат визата: Роман Абрамович емигрираше во Израел!

Не му ја обновуваат визата: Роман Абрамович емигрираше во Израел!

Рускиот милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, емигрираше во Израел, бидејќи англиските власти не му ја обновуваат визата.

На Абрамович му истече работната виза во Англија, но тамошните власти одбија да му ја продолжат поради блиски релации со рускиот претседател Владимир Путин.

Сепак, Абрамович најде решение. Израелските медиуми пренесуваат дека Русинот во Ерусалим купил куќа, а потоа ќе побара израелско државјанство. Тој е познат е како голем борец за правата на Евреите, а исто така е претседател на руско-еврејското пријателство.

Абрамовиќ поради необновената виза не можеше да присуствува на финалето на ФА Купот на кое неговиот Челзи го надигра Манчестер Јунајтед.

Кога ќе добие израелски пасош, Абрамович ќе може слободно да влегува во Англија, бидејќи на граѓаните на оваа земја не е потребна виза и можат без неа да престојуваат шест месеци,

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…