Home Живот Не би ви паднало напамет: Дали знаевте дека омилениот напиток од детството е идеален по ТРЕНИНГОТ!

Не би ви паднало напамет: Дали знаевте дека омилениот напиток од детството е идеален по ТРЕНИНГОТ!

Еден од омилените напитоци од детството, многумина возрасни го избегнуваат, убедени дека тој дебелее.

Меѓутоа не само што има пријатен вкус, туку чоколадното млеко се препорачува за луѓето од сите возрасти. Тоа е полно со протеини и јагленихидрати, поради што се советува да се конзумира по тренинг.

Колку само сте чувствувале глас по вежбањето во теретана, а сте се воздржувале да не јадете, останувајќи доследни на строгиот режим на исхрана?

Во текот на тренингот нашиот организам ги разградува амино-киселините, кои се составен дел од протеините. За да го надоместиме тој недостаток, потребни ни се протеини.

Иако многумина по тренингот конзумираат вештачки супстанци, експертите советуваат природно чоколадно млеко, богато со протеини, масти, јагленихидрати и електролити кои се потребни на нашето тело по напорното вежбање.

Според податоците од истражувањето, објавено во магазинот „European Journal of Clinical Nutrition“, чоколадното млеко често се споредува со други спортски напитоци, како и со пласибото.

Истражувањето покажа дека чоколадното млеко дава слични или подобри резултати споредено со наведените алтернативи.

Експертите истакнуваат дека најголемата предност од чоколадното млеко во совршена комбинација на протеини, и едноставната апсорбација на шеќер, односно јагленихидрати.

Load More Related Articles
Load More In Живот
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…