Не арчиме, туку штедиме – ракчињата и школките беа за странци, вели Караџоски од Македонски шуми


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Не сме трошачи, туку сме штедачи, вели директорот на јавното претпријатие Македонски шуми по објавените фискални сметки од службени вечери на сметка на претпријатието.

Најдебелата сметка која била платена е направена во охридски елитен ресторан каде за еден ручек биле потрошени 650 евра. 230 евра чинела пастрмката, а десертот торта и сладолед – 60 евра. Караџовски тврди дека високата сметка е поради гости од Австрија и Турција – делегација составена од 30 луѓе.

За конкретната фактура за која зборувате, станува зборза австриска и турска делегација која што во многу наврати помогнала на Македонски шуми. Во текот на 2016 сме оствариле четири средби во Турција и на нивни трошок не угостувале таму. Значи динар не сме дале.Направиле една посета на Македонија и ние не требаше да им дадеме ручек, вели Жарко Караџовски, директор на ЈП Македонски шуми.

Првиот човек на претпријатието вели дека трошоците на Македонски шуми се минимални, околу 6.000 евра за угостителски услуги во рок од две и пол години. Според фактурите што ги објави порталот „Фактор“, пак, управата на претпријатието најчесто се гоштевала во ресторанот Џино, а една службена вечер чинела и до 300 евра. На сметка на претпријатието се јаделе ракчиња, октопод, морски риби, шкампи, а се пиело вино и виски.

Инаку претпријатието со години зазема високо место на листата на должници на Управата за јавни приходи со неплатени даноци кон државата во износ повисок од 3 милиони евра. Караџовски уверува дека Македонски шуми нема да се најде на следната листа на срамот. Вели дека долгот од денеска е репрограмиран со што е одобрено да се враќа на рати во период од три години.