Навивачите на Арсенал ќе го обожаваат Емери бидејќи го мрази Мурињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Унаи Емери до крајот на неделата ќе биде именуван за нов кормилар на Арсенал, убедени се англиските медиуми.

Шпанецот го напушти ПСЖ и веќе постигнал договор со „топџиите“, кој ќе биде потпишан во наредните денови.

Она што им се допаѓа на навивачите на Арсенал е сигурно неговиот однос со Жозе Мурињо.

Нивниото „нетрпение“ трае уште од 2010 година кога „Специјалниот“ работеше во Реал Мадрид, а Емери во Валенсија. После една победа на „кралевите“ од 1:0, Мурињо беше незадоволен и посочи дека судијата направил 13 грешки.

Емери после натпреварот даде многу интесна изјава и го нарече Португалецот „бебе кое постојано плаче“.

„Однесувањето на Мурињо е исто како она на бебе кое плаче. И ние имаме причина да се жалиме и да правиме список на судиски грешки“, изјави Емери.